Соопштенија

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 16 лица

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 16 лица, меѓу кои за пет државни службеници вработени во Општина Охрид и пет управители на трговски друштва.

Осомничените се товарат дека во периодот од 2006 – 2013 година при вршење на јавни набавки за потребите на Општина Охрид, сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување според член 353 став 5 од Кривичниот законик и други кривични дела, со што за други правни лица прибавиле имотна корист од околу 112 милиони денари, а на штета на општината.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка поднесе Предлог за определување на Мерка за обезбедување на присуство на осомничените лица.

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА