Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави барање за продолжување на мерките за обезбедување на присуство и за непречено водење на кривичната постапка за триесет и петмината осомничени за настаните што се случија на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија.
Надлежниот обвинител побара од судот за лицето Ж.П да биде укината мерката куќен притвор и истата да биде заменета со мерки на претпазливост, а за осомниченото лице И.Д. мерката притвор да биде заменета со мерка – куќен притвор. За останатите осомничени лица обвинителството останува на барањето за продолжување на претходно изречените мерки за обезбедување на присуство и за непречено водење на кривичната постапка.
Дополнување:
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека од Основниот суд Скопје 1 – Скопје за осомниченото лице Е.Д.Б. побара мерката притвор да биде заменета со мерка куќен притвор.