Основното јавно обвинителство Скопје постапувајќи во предметот за фалсификуваните лични карти, кои беа предадени од страна на новинарот на Фокус, Љубиша Арсиќ на Министерот за внатрешни работи, презеде низа мерки и активности за расветлување на настанот.
Во вршење на истражни дејствија, во тек на вчерашниот ден, успешно е спроведена акција по наредба на јавен обвинител, во која е пронајдена тајната работилница каде е вршено фалсификувањето на документите. Станува збор за обемен материјал, опрема и апаратура која се користела за изработка на фалсификуваните лични карти и други документи. Пронајдениот материјал е одземен и е предмет на натамошна анализа и истражување.
За овој настан приведени се три лица, но постојат индиции и за инволвирани други лица и за сторени други кривични дела.
Со повеќе информации ќе се произнесеме во следните денови.