Соопштенија

Отворена истрага против негувателка заради малтретирање дете

Oсновното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против едно лице за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од чл.201 ст.1 од Кривичниот законик.

Осомничената на 21 ноември, во игротека во еден угостителски објект, малтретирала двегодишно дете за кое била ангажирана како негувателка. Притоа таа повеќепати го удрила детето кое се здобило со телесни повреди. За ова кривично дело е предвидена казна затвор од една до десет години.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомничената.