Соопштенија

Албански државјанин осомничен за напад врз полициски службеници на ГП „Блаце“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен државјанин на Република Албанија, осомничен за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 25 август, на граничниот премин „Долно Блаце“, осомничениот физички нападнал полициски службеници кои вршеле проверка … Повеќе

Татко и син од Скопје осомничени за илегална трговија со дрога и психотропни супстанции

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во нивниот дом, … Повеќе

Поведена постапка за насилство кон новинарска екипа

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторило кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 53-годишник, на 21 август, во Старата скопска чаршија, најпрвин упатил закани и навреди, а потоа и физички нападнал новинарска екипа на Телевизија … Повеќе

Двајца скопјани под истрага за држење автоматско оружје забрането за граѓаните

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражни постапки против две лица, на возраст од 32 и 26 години, со место на живеење во иста улица во скопски Чаир. Тие се осомничени за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување или тргување со оружје или распрскувачки материи според член 396 став 2 во врска со став 1 … Повеќе

Обвинение за криумчарење злато преку скопскиот аеродром

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против српски државјанин по потекло од Република Турција за кривично дело – Криумчарење според член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, како и против македонски царински службеник кој е обвинет дека му помогнал да го стори делото. На 20 март … Повеќе

Двајца браќа осомничени за нанесување тешка телесна повреда

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка двајца браќа на возраст од 39 и 42 години, поради основано сомнение за сторено кривично дело – Тешка телесна повреда по член 131 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 12 август, двајцата осомничени со умисла тешко телесно повредиле едно лице … Повеќе

Скопјанец осомничен за помагање при убиство

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека помагало при извршување на кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со став 1 и во врска со член 24 од Кривичниот законик. Осомничениот 31-годишен скопјанец, на 18 февруари во … Повеќе

Поведена истрага за тешка сообраќајна несреќа во Скопје, двајца возачи се осомничени

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 ст.2 в.в чл.297 ст.1 од Кривичниот законик и за него е доставен предлог за определување мерка куќен притвор. Во врска … Повеќе

Мерки на претпазливост за осомничени за учество во физичка пресметка со бугарски навивачи во Чаир

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе Предлог за определување мерки на претпазливост против четири лица за кои е поведена постапка за учество во инцидентот кај трговскиот центар „Чаирчанка“ во кој беше повреден еден бугарски државјанин. Постои основано сомнение дека лицата на возраст од 28 до 32 години учествувале во физичка … Повеќе

Се постапува за расчистување на настанот со повреден бугарски навивач кај ТЦ “Чаирчанка”

Основното јавно обвинителство Скопје е известено за настанот и ги издава сите потребни наредби и насоки за идентификација на лицата кои учествувале во инцидентот во кој вчера беше повреден еден навивач на фудбалскиот клуб “Левски” од Софија. Според првичните сознанија, до настанот дошло додека навивачи на ФК “Левски” со две возила со бугарски регистарски ознаки … Повеќе

Четворица членови на едно семејство обвинети за држење и пренесување марихуана

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против четири лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Еден од обвинетите се гони и за кривично дело … Повеќе

Истрага за задоволување полови страсти пред друг

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 63-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил три кривични дела – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 од Кривичниот законик, од кои едното полово дејствие го извршил пред дете кое наполнило 14 години. На 24 јули, патувајќи со воз, во близина … Повеќе

Расчистени кражби во цркви, поведена постапка против едно лице

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 22-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил три кривични дела – Тешка кражба по чл.236 ст.1 т.1, едно кривично дело – Тешка кражба по чл.236 ст.1 т.3  и едно кривично дело – Кражба по чл.235 ст.1 од Кривичниот законик. Осомничениот, во периодот од 19.06.2023 до 16.07.2023 … Повеќе

Еден обвинет за разбојништво и тешка кражба во Скопје  

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 29-годишник против кого се води постапка за кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 22 и Тешка кражба од член 237 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 13 април, заедно во договор со непознато женско лице, со употреба … Повеќе

Жена обвинета за запуштање на двете деца и семејно насилство

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против жителка на Гостивар со престојувалиште во Скопје за две кривични дела – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 и две кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од … Повеќе

Предложен притвор за осомничен за тешка кражба во скопски хотел

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор за 38-годишен скопјанец, осомничен за кривично дело – Тешка кражба според член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Осомничениот е претходно повеќепати осудуван за истородни и други кривични дела и се наоѓал на издржување затворска казна во КПУ Затвор Прилеп, но побегнал и … Повеќе

Истрага против уште едно лице за грабнување во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека било вклучено во дејствија на кривично дело –  Грабнување од член 141 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 3 март, заедно  со уште две други лица против кои веќе се … Повеќе

Истрага за криумчарење на луксузни автомобили, осомничени 20 лица

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе истрага против осум лица за продолжени кривични дела – Криумчарење, Прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама, Компјутерски фалсификат и Фалсификување исправи. Уште 12 физички и едно правно лице се осомничени за кривични дела кои се гонат во скратена постапка. Меѓу … Повеќе

Истрага против едно лице за тешка сообраќајна несреќа во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1  од Кривичниот законик. Осомничениот 42-годишник од Скопје, на 1 јули, на улицата … Повеќе

Истрага за поттикнување за примање поткуп

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 45-годишен жител на Тетово, вработен во Министерство за одбрана како командир во тетовска касарна, бидејќи постои основано сомнение дека поттикнувал кривично дело –  Примање поткуп од член 357 став 1 во врска со член 23 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 18 и 19 мај … Повеќе