Основното јавно обвинителство Битола поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице кое го сторило кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик и побара од судот да изрече парична казна со определување на висина на казната на 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противвредност.
Обвинетата на 26.06.2020 година не постапила според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на коронавирусот. Таа согласно издадено Решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат била ставена под здравствен надзор и домашна изолација во траење од 14 дена од последниот контакт со лабараториски докажано заболено лице со заразна болест чиј причинител е коронавирус COVID-19. Но, при извршената контрола од полициски службеници од СВР Битола, не била затекната во станот каде требало да биде во домашна изолација.