Соопштенија

Парични казни заради непостапување според здравствените прописи во Велес

Основното јавно обвинителство Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање на казнен налог против 7 лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик.

Обвинетите не ги почитувале прописите, односно го нарушиле полицискиот час, движејќи се пеш или со возила низ градот за време на донесената забрана за движење. Обвинителството предложи за извршеното дело да им бидат изречени парични казни и тоа по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра во денарска противвредност​