Соопштенија

Петмина од Дебар со казнени налози

Основното јавно обвинителство – Дебар постапувајќи по примените кривични пријави, денеска до Основниот суд во Дебар достави предлози за издавање на казнен налог за пет полнолетни лица.

Лицата се обвинети дека непочитувајќи ја забраната за движење сториле кривично дело Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, предвидено и казниво по член 206 став 1 од Кривичниот законик.

За време на полицискиот час обвинетите биле забележани од страна на полициски службеници како се движат пеш или со возило на различни локации низ Дебар и неговата околина.

Основниот јавен обвинител побара од судот сторителите да бидат огласени за виновни и да им биде изречена парична казна во висина од 10-100 дневни глоби.