Соопштенија

Побаран притвор за дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување на истражна постапка и со предлог до Основниот суд Битола побара на едно лице да му се определи мерка притвор, бидејќи постои основано сомнение дека лицето го сторило кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При извршен претрес во домот на осомничениот, 38-годишен битолчанец, службените лица пронашле наркотична дрога – хероин. Осомничениот  на 23 март 2021 година, неовластено заради продажба од непознато лице купил дрога, која потоа во својот дом ја препакувал во 26 полиетиленски опаковки со вкупна маса од 44,10 грама.