Соопштенија

Побаран притвор заради трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 43 – годишен скопјанец, поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 21 јануари 2021 година, околу 17.15 часот, во патничко возило „Шкода Фабиа“ кое тој го управувал кај ул. Јадранска Магистрала, односно на паркинг просторот позади ресторан „Капри“, неовластено заради продажба држел 19.980 грама наркотична дрога марихуана спакувана во две најлонски црни вреќи.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот, по донесување на Наредбата за спроведување истражна постапка, во насока на обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка, до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомничениот.