Соопштенија

Побарана парична казна за гостиварец кој не се придржувал до здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Гостивар до Основниот суд Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против управител на правно лице – угостителски објект,  обвинет дека сторил кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 16. март послужувал храна на гостин седнат на маса во внатрешноста на неговиот угостителски објект, умислено не постапувајќи според писмената наредба на Министерството за здравство со која се определуваат мерки за спречување или сузбивање на пандемијата на опасна заразна болест – коронавирус COVID 19.