Соопштенија

Побарана подготвителна постапка спрема дете за предизвикување пожар во Расадник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца во Основниот кривичен суд Скопје поднесе барање за поведување подготвителна постапка спрема дете во судир со законот кое презело дејствија кои со закон се предвидени како кривично дело – Предизвикување општа опасност по член 288 став 1 од Кривичниот законик.

На 3 септември во попладневните часови, детето на возраст од 14 години, заедно со уште две деца во ризик кои не наполниле 14 години и од тие причини не се кривично одговорни, палеле петарди и жижици на земјена патека во месноста Расадник, Кисела Вода. Како последица на тоа, бил инициран пожар кој брзо се проширил на околната сува трева поради ветерот и зафатил површина од околу 3 хектари – дрвја, сандаци со пчели и неколку бандери за пренос на електрична енергија. Со пожарот била предизвикана значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери.