Соопштенија

Побарани казни за 23 лица од Тетово заради непочитување на полицискиот час

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово поднесе предлози за издавање казнени налози против 23 лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите биле затекнати надвор од нивните домови за време на полицискиот час, со што не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија.

Обвинителството на Основниот суд Тетово му предложи на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби.