Соопштенија

Побарани казни за уште тројца прекршители на полицискиот час во Скопје

Предлог за издавање казнен налог против уште три лица поднесе Основното јавно обвинителство Скопје вчера попладне. Обвинетите се товарат за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

На 24 и 25 март на различни локации во Скопје тие биле затекнати во непочитување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена со цел спречување и сузбивање на опасната заразна болест COVID-19.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи на секој од обвинетите да му изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.