Соопштенија

Побарани парични казни за непочитување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог против две лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите на 6 април, за време на важечки полициски час, без да поседуваат дозвола се движеле пеш по улицата „Беласица“ во Скопје. Со тоа тие ги прекршиле прописите со кои се определуваат мерки за заштита од заразната болест Covid-19.

Јавниот обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за двете лица да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​