Соопштенија

Побарани парични казни за три лица во Делчево

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Делчево поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите не ги почитувале мерките и одлуките за забрана на движење на населението, па за време на полицискиот час во деновите во викендот без дозвола се движеле.

За тројцата обвинети, обвинителството побара од судот да им изрече парични казни во висина од по 2000 евра во денарска противвредност.​