Соопштенија

Поднесен обвинителен акт за неовластено пуштање во промет на марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, во куќа во која престојувал во скопско Визбегово, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 5.890,21 грам. При претрес на домот, во црна полиетиленска ќеса била пронајдена дрога со нето маса од 1.860,8 грама. Останатата дрога била пронајдена во неколку различни пакувања при преглед на блиската околина на домот, на неколку метри од куќата.

Надлежниот јавен обвинител процени дека се уште се исполнети законските услови, односно дека постојат околности кои што укажуваат на опасност од бегство на обвинетиот, па до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.