Соопштенија

Поднесен предлог за издавање казнен налог за беровец

Основното јавно обвинителство Берово поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице кое го сторило кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, со кој предложи на судот, на обвинетиот да му изрече парична казна во висина од 50 дневни глоби, секоја во висина од по 10 евра во денарска противвредност.

Обвинетиот на 25.03.2020 година, во 00:35 часот во Берово, свесен за своето дало и сакајќи го неговото извршување, за време на епидемијата на опасната заразна болест COVID-19 не постапил според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување – член 1 точка 1 од Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија од 21.03.2020 година и Одлуката за изменување на претходната одлука, донесена на 26-та седница на  Владата на Република Северна Македонија од 23.03.2020 година со важност од 24 март, а со кои се забранува движење на населението на територијата на Република Северна Македонија во временскиот период од 21:00 часот до 05:00 часот наредниот ден. Обвинетиот управувајќи патничко моторно возило го напуштил својот дом во Берово, се упатил по регионалниот пат Берово-Клепало во насока кон Беровоско Езеро, по што враќајќи се назад во насока кон градот Берово во 00:35 часот на м.в.Епрев Дол, атар на Берово бил запрен при контрола  од патрола на МВР.