Соопштенија

Поднесени предлози за парични казни за 30 лица во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против 30 лица заради непочитување на полицискиот час.

Обвинетите биле затекнати како се движат без да поседуваат дозвола, спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија. На тој начин тие го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство Скопје на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за сите обвинети да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.