Соопштенија

Поднесено обвинение за илегална спортска обложувалница во гостиварско Добридол

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против две лица кои се гонат за кривично дело – Приредување игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган од член 156 став 3 во врска со член 53 став 3 од Законот за игри на среќа и забавните игри.

Обвинетите, во текот на месец декември 2017 година, како физички лица организирале и приредувале игри на среќа во село Добридол, без да имаат дозвола за тоа. Тие во еден објект поставиле опрема – телевизори, компјутери, читачи на тикети со кои организирале илегално обложување на спортски натпревари.​