Соопштенија

Поднесено обвинение за разбојништво во казино во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице заради сторено кривично дело Разбојништво од чл.237 ст.4 во врска со ст.1 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 20.07.2019 година, заедно со уште едно засега непознато лице, влегле во казино на ул. „12 Македонска бригада“ и со употреба на опасно орудие – пиштоли се заканиле на двајца вработени и одзеле туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат. Имено, тие одзеле парични средства во вкупен износ од 126.049 денари.

Ценејќи дека и натаму се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.