Соопштенија

Поднесено обвинение за трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 32-годишен скопјанец, за кривичното дело  – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При извршен претрес на  14 мај 2021 година, службените лица во домот на обвинетиот пронашле наркотична дрога – марихуана во количина од 497,6 грама и дигитална вага на која има утврдено присуство на кокаин и тетрахидроканабинол – психоактивна компонента што го содржи растението Cannabis.

Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје заедно со Обвинителниот акт достави и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор.​