Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Како што информиравме, на 02 јули, во својот дом на улица „Јајце“ во Скопје, обвинетиот неовластено заради продажба држел наркотична дрога – хероин со вкупна нето тежина од 99,15 грама. При претресот на неговиот дом била пронајдена и сива дигитална вага со остатоци од наркотична дрога.
Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за осомничениот.