Соопштенија

Поднесено обвинение заради неовластено држење амфетамини

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице од Гевгелија за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 14 јуни, на булевар „Србија“, обвинетиот неовластено заради продажба држел психотропни супстанции – 46,45 грама амфетамини. Обвинетиот се превезувал во автомобил како сопатник, а амфетамините ги скрил во слободниот простор меѓу рачната кочница и сопатничкото седиште.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд достави и Посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице, со оглед на тоа што ценеше дека и натаму постојат условите заради кои првично беше определена ваквата мерка.