Политика за приватност

Политика за приватност

Согласно со одредбите на членовите 9 и 16 од Законот за заштита на личните податоци (Службен весник на РСМ, бр. 42 од 16.2.2020 година), Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ја донесе следната

 

Политика за приватност на личните податоци на интернет страницата на Jавното обвинителство на Република Северна Македонија

www.jorm.gov.mk

 

Оваа Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ги обработува податоците на корисниците (понатаму: “корисник”) при посета на интернет страницата www.jorm.gov.mk 

(понатаму: ”интернет страна”).

Оваа политика за приватност се однесува единствено за наведената интернет страница и не се однесува за личните податоци што Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ги собира од граѓаните на други начини.

Оваа Политика на приватност не се однесува ниту на лични податоци кои ги собираат други интернет страници, до кои пристапувате преку нашaтa интернет страница.

 

Какви податоци се собираат, за која цел и колку се чуваат?

 

За време на посетата на интернет страницата, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија обезбедува користење на интернет страницата на начин на кој Вашата приватност целосно се почитува.

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија обезбедува заштита на личните податоци кои ги собира и обработува од корисниците на интернет страницата согласно со важечките прописи од областа на заштитата на личните податоци.

 

  • Податоци кои се собираат автоматски

-За секој поединечен пристап на определен дел на интернет страницата автоматски се врши евидентирање со запис во логови на веб-серверот на податоци за Вашата IP адреса и технички детали за точната адреса од интернет страницата на која е пристапено, од кој прелистувач е пристапено и датум и време на пристапот на интернет страницата. Овие записи се чуваат два месеци.

– На интернет страницата се собираат и податоци со помош колачe (cookie) кои се запишуваат на Вашиот компјутер. Целите и начинот на користењето на колачето е согласно условите во Политиката за користење на колачиња.

– Кога ја посетувате нашата интернет страница се користи услуга на трета страна – Google Analytics за да се соберат стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата интернет страница.

 

  • Податоци кои корисникот доброволно ги доставува за користење електронска услуга на интернет страницата на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија

При посета на интернет страницата се собираат и обработуваат Вашите лични податоци само доколку доброволно ги доставите, a кои се неопходни заради користење на конкретните услуги достапни на поединечната интернет страница.

Собраните лични податоци при користење на поединечната електронска услуга не се чуваат на интернет страницата.

Собраните лични податоци при користење на услугите се испраќаат преку електронска порака до одговорни службени лица во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и се обработуваат согласно закон.

 

  • Поставете новинарски прашања

Интернет страна https://jorm.gov.mk/postavete-novinarski-prashana/ претставува портал за пристап кон услугата за поставување новинарски прашања директно до Службата за односи со јавноста на Јавното обвинителство.

При користење на услугата доброволно се доставуваат некои од следниве податоци за идентификација и за контакт: име и презиме, медиум, контакт телефон, адреса за електронска пошта.

 

 

Објавување на лични податоци

На интернет страницата www.jorm.gov.mk , може да бидат објавени лични податоци, кои по својата природа се најчесто јавни или се објавуваат согласно законски утврдени надлежности на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

 

Права на корисниците

Законските права на субјектите во однос на обработка на личните податоци се остваруваат согласно со Процедурата на пристап и исправка на личните податоци од страна на субјектите на лични податоци.

 

Прифаќање на условите

Со користењето на интернет страницата www.jorm.gov.mk , се согласувате со условите од Политиката за приватност на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Доколку не се согласувате, Ве молиме не користете ја интернет страницата на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.