Соопштенија

Постапка против три лица во Гостивар за непостапување според здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Двајца од обвинетите биле затекнати при непочитување на определениот полициски час како мерка за заштита од коронавирусот, односно за време на забраната се движеле надвор од своите домови без да поседуваат дозвола. Еден обвинет, пак, не го почитувал решението на здравствените власти со кое му била определена задолжителна домашна изолација.

За обвинетите гостиварското обвинителство предложи да бидат определени парични казни.