Соопштенија

Постапки против деветмина заради непочитување на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежен суд поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 7 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите биле затекнати при непочитување на полицискиот час определен како мерка за заштита и превенција на ширењето на коронавирусот.

Надлежен јавен обвинител му предложи на Судот за сите обвинети да определи парични казни од по 100 дневни глоби при што висината на една дневна глоба да ја одреди на износ од 20 евра во денарска противвредност.

Скопското обвинителство денеска поднесе и два обвинителни предлога против две лица, за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите на граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, при чекирање за лет употребиле како вистинити лажни сертификати за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот, иако знаеле дека не се тестирале во наведените лаборатории и дека не им бил издаден таков сертификат.​