Соопштенија

Постапки за непочитување на полицискиот час во Велес

Основното јавно обвинителство Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од чл.206 од Кривичниот законик.

Обвинетите го нарушиле полицискиот час, односно за време на важечката забрана определена како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот се движеле без дозвола низ градот.

Јавниот обвинител предложи на обвинетите да им бидат изречени парични казни и тоа по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра во денарска противвредност.​