Настани, Соопштенија

Потпишан Меморандум за разбирање за заеднички проектни активности меѓу Јавното обвинителство и Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата ОБСЕ во Скопје денеска потпишаа Меморандум за разбирање меѓу двете институции за спроведување заеднички проектни активности во периодот 2023-2025 година.

Целта на Меморандумот е да се создаде правна рамка за идната соработка во клучни области.

Соработката меѓу Јавното обвинителство и Мисијата на ОБСЕ во Скопје во следниот период ќе се реализира врз основа на годишни програми со конкретни проектни активности во рамките на проектот “Зајакнување на владеење на правото и човековите права во Северна Македонија III”.

На средбата при потпишувањето на Меморандумот, јавниот обвинител Јовески го информираше амбасадорот Вал за повеќе актуелни прашања поврзани со работата на Јавното обвинителство.

 

ТЕКСТ НА МЕМОРАНДУМОТ