Соопштенија

Поведена истрага за недозволена трговија со марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 14 октомври, при претрес во домот на осомничениот 37-годишник во Драчево, полицијата пронашла опојна дрога – марихуана со вкупна нето маса од 51,61 грама, спакувана во 10 зипер вреќички и во една најлонска ќеса.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор на осомниченото лице поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.​