Соопштенија

Поведена истрага за недозволено поседување оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка  против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 1 од Кривичниот законик.

На 30 октомври, при претрес на домот на осомничениот на улица „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, кај него било пронајдено оружје – пиштол V.BERNADELLI GARDONE со калибар 7,65 и со механички отстранет сериски број, како и една рамка со седум куршуми.

За 30-годишниот осомничен, поради околности кои упатуваат на опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.