Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Прилеп, на возраст од 43 години, за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.
Врз основа на наредба издадена од Основниот суд Прилеп, во домот на осомничениот на 13 ноември бил извршен претрес при што била пронајдена дрога која осомничениот ја држел неовластено заради продажба. Пронајдената дрога хашиш во количина од 364,4 грама, била спакувана во транспарентна ПВЦ фолија, завиткана во ткаенина и скриена во помошни простории до домот на осомничениот.
Против осомничениот, надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и со решение на осомничениот му определи мерка притвор во траење до 30 дена.