Соопштенија

Поведена постапка против едно лице за учество во насилна толпа

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 19-годишник од селото Стајковци, на 26 февруари, за време на јавен собир на граѓани, заедно со други идентификувани и неидентификувани граѓани, започнале да дејствуваат кон полицискиот кордон на булеварот „Крсте Петков Мисирков“, фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети. Притоа биле повредени 11 полициски службеници и еден новинар. Сега осомничениот во протестите учествувал маскиран, со цел да не се открие неговиот идентитет.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради опасност од бегство и можност тој да го повтори делото. Судијата го прифати предлогот на јавниот обвинител и на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.