Соопштенија

Поведена постапка против шестмина во Скопје за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 6 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, спротивно на прописите со кои е определена забрана за движење на населението во периодот од 20 до 05 часот следниот ден, биле затекнати пеш или со автомобили како се движат за време на полицискиот час на различни локации во градот без да поседуваат дозвола за тоа.

За сите обвинети надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​