Соопштенија

Поведена постапка за дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против 23 – годишен државјанин на Република Албанија за кој постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот управувал патничко моторно возило со македонски регистарски ознаки во близина на село Франгово, Струга, кога бил сопрен од полициски службеници. При извршен личен претрес на осомничениот, надлежните службени лица кај осомничениот пронашле 50 грама наркотична дрога – кокаин, која тој неовластено ја држел заради продажба.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга по донесувањето на Наредбата за спроведување истражна постапка, до Основниот суд Струга достави предлог на осомничениот да му биде определена мерка притвор. Судијата на претходна постапка при надлежниот суд, го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот со Решение му определи притвор во траење од 30 дена.