Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице од скопско Арачиново, поради постоење на основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
При извршен претрес во просториите на домот во кој живеел осомничениот и во подрумските простории пронајдени се вкупно 128,63 грама наркотична дрога – кокаин. Дрогата била подготвена за продажба во црна торба и поделена по полиетиленски кеси. Кај осомничениот при претресот од страна на службени лица е пронајдена и дигитална вага, како и поголем износ на парични средства.
Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ценеше дека се исполнети законските основи, па до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.