Соопштенија

Поведена постапка за непочитување на полицискиот час во Скопје

За кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, надлежен јавен обвинител поднесе предлог за издавање казнен налог против две лица.

На 28 април двајцата обвинети биле затекнати како се движат по улицата „Методија Митевски“ во Скопје за време на важечкиот полициски час, со што ги прекршиле прописите со кои се определни мерки за спречување на ширењето на COVID-19.

Основното јавно обвинителство Скопје на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за обвинетите да определи парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да ја одреди на 20 евра во денарска противвредност.​