Соопштенија

Поведена постапка за пронајдена дрога во дом на скопјанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 38-годишен скопјанец, во неговиот дом во с. Сарај, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 40.19 грама и семки од канабис во вкупна нето маса од 2.63 грама. При претресот во домот на осомничениот, на 4 декември, дрогата била пронајдена и одземена.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд достави и Предлог за определување мерка притвор против осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и на можност осомничениот да го повтори кривичното дело.