Соопштенија

Поведена постапка за смртта на деветнаесетгодишникот на Бит Пазар

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице кое се гони за сторено кривично дело  Тешка телесна повреда (со смртна последица) од член 131 став 4 од Кривичниот законик. Надлежен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка и достави предлог до Основниот суд Скопје 1 – Скопје за определување мерка притвор за осомничениот. Судот со Решение го прифати предлогот и определи триесетдневен притвор за осомниченото лице.

Во насока на расветлување на настанот, обвинителството нареди собирање на траги од лице место, вршење на потребни вештачења, како и обдукција на телото на починатото момче.

Настанот се случил откако по средба меѓу две групи и настаната вербална расправија, две осомничени лица извадиле остар предмет со кој три пати го повредиле сега починатото лице во пределот на градниот кош и стомакот. Осомничените лица, од кои едно во моментов е недостапно на органите на прогонот, повредиле уште едно лице кое по медицинска интервенција е пуштено на домашно лекување.