Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 52-годишен жител на Битола, поради постоење основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
При извршен преглед од службени лица на 11.3.2021 година, кај осомничениот била пронајдена наркотична дрога – марихуана во вкупна количина од 194 грама. Осомничениот кој се наоѓал на Меѓуградската автобуска станица во Скопје, дрогата спакувана во полиетиленска кеса ја носел со себе во патна торба.
Во насока на непречено одвивање на постапката, јавниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, поднесе Предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.