Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истрага против лице од Битола со моментално престојувалиште во Ресен за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ од член 215 став1 од Кривичниот законик, а до надлежниот суд поднесен е предлог за определување мерка ќуќен притвор за осомничената.
Осомничената на 06.06.2021 година, околу 19:00 часот, во Ресен, неовластено заради продажба држела кај себе една најлонска кеса со наркотична дрога – хероин со нето маса од 29,68 грама, која била пронајдена и откриена при извршен преглед од страна на полициски службеници од ОВР Ресен.