Соопштенија

Поведени постапки за употреба на фалсификувани ПЦР тестови

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапки против две лица за кривично дело  – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.

За еден од обвинетите до Основниот кривичен суд Скопје поднесен е обвинителен предлог, додека за другиот – предлог за издавање казнен налог со кој се предлага парична казна од 100 дневни глоби од по 20 евра во денарска противвредност.

Двајцата обвинети при обид да ја напуштат државава со лет од Меѓународниот аеродром Скопје употребиле лажни сертификати за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот, иако знаеле дека не се тестирале во наведените лаборатории и дека не им бил издаден таков сертификат.