Јавното обвинителство на Република Македонија организира консултативна средба на која ќе стане збор за начинот на работа на новоформираната привремена Комисија за следење на изборни нерегуларности.
Средбата ќе се одржи меѓу претставници на формираната Комисија и на граѓанскиот сектор кои имаат активности поврзани со изборните процеси. Целта е да се договори начинот на меѓусебното комуницирање, а во насока на превенирање и постапување по противзаконити дејствија што евентуално би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборниот процес на 5 јуни 2016 година.
Консултативната средба ќе се одржи на 29 март 2016 година (вторник), со почеток во 11.00 часот, во конференциската сала на Јавното обвинителство. Ги покануваме граѓанските организации кои имаат активности поврзани со изборните процеси, а се заинтересирани да учествуваат на средбата, да го пријават своето учество на електронската адреса: press@jorm.mk најдоцна до 28 март 2016 година (понеделник) во 15:00 часот.