Соопштенија

Предлог за издавање казнен налог за гостиварец кој не се придржувал до здравствените прописи

Денеска Основното јавно обвинителство Гостивар во Основниот суд Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице, 58 -годишен жител на с. Добридол,   обвинет дека сторил кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 17. март послужувал гости седнати на маси во внатрешноста на неговата кафетерија во с. Добридол, гостиварско. Со тоа, обвинетиот со умисла не постапил според писмената наредба на Министерството за здравство со која се определуваат мерки за спречување или сузбивање на опасна заразна болест – коронавирус COVID 19.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот предложи на судот на обвинетиот да му биде изречена соодветна парична казна.