Соопштенија

Предложени парични казни за непочитување на полицискиот час во Скопје

Против седум лица Основното јавно обвинителство Скопје денеска до надлежниот суд достави предлози за издавање казнени налози поради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите го сториле делото така што не ги почитувале прописите со кои е определена забрана за движење на населението во определен дел од денот – полициски час, како мерка за спречување на ширењето на заразна болест. Без да поседуваат дозвола, се движеле на различни локации во градот за време на полицискиот час, при што биле затекнати од полициски службеници.

Надлежните јавни обвинители предложија Основниот кривичен суд Скопје за сите обвинети да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​