Основното јавно обвинителство Штип до Основниот суд Штип достави предлози за издавање казнени налози против три лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, предвидено и казниво по член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Со предлогот, обвинителството побара судот обвинетите да ги оглеси за виновни и да им изрече парични казни во износ од по 50 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 10 евра во денарска противвредност.
Обвинетите, двајца штипјани и скопјанка, кривичното дело го сториле со непридржување кон забраната за движење при што за време на полициски час биле забележани како се движат низ Штип пеш и со автомобил на различни локации.