Соопштенија

Предложени парични казни заради прекршување на полицискиот час во Скопје

Против вкупно 21 лице Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози заради сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и биле затекнати како се движат на различни локации за време на полицискиот час.

Јавното обвинителство за сите обвинети предложи парични казни од по 100 дневни глоби со висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.