Соопштенија

Предметот „Чекан“ е завршен со правосилна судска пресуда

Со правосилна пресуда од Апелациониот суд – Скопје и ефективни затворски казни завршен е предметот во јавноста познат како „Чекан“. Во предметот што го водеше Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција им се изречени затворски казни на седум лица за сторени кривични дела Лихварство и Изнуда.

Од осудените лица е конфискуван имот од кој оштетените имаат право на надомест на штета.

Во предметот „Чекан“  беше опфатена криминална  група која дејствувала во континуитет почнувајќи од 2008 година, претежно на територијата на Општина Гостивар. Главниот мотив бил стекнување на противправна имотна корист со извршување на повеќе кривични дела. Обвинетите неовластено подолго време се занимавале со давање пари на заем на други лица со договор. Притоа, искористувајќи ја тешката состојба на лицата тие договарале за себе несразмерна имотна корист. За враќање на заемот вршеле притисок, користејќи сериозни закани и физички напади врз оштетените.