Соопштенија

Притвор за дилер на дрога и амфетамин од Куманово

Против 46-годишен жител на Куманово, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка,  бидејќи утврди основано сомнение дека тој сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Во домот во кој живеел, на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово, осомничениот неовластено за продажба држел 34,7 грама психотропна супстанција – амфетамин и 2,14 грама марихуана.

Прифаќајќи го предлогот на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство или да го повтори делото.​