Соопштенија

Притвор за дилер на марихуана во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истрага и поднесе предлог за определување мерка притвор за лице осомничено за кривично дело – Неовластено производство и промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 20 август, во домот на 31-годишниот гостиварец биле пронајдени околу 20 грама марихуана и дигитална вага со остатоци од дрога.

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот со решение му определи притвор во траење од 30 дена.​